• понеделник, 23 декември 2024

Кривокапиќ: Никогаш немало толку отровни стрели од Србија

Кривокапиќ: Никогаш немало толку отровни стрели од Србија
Подгорица, 24 јуни 2021 (МИА) - Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави дека не е забележано во историјата на Црна Гора за толку краток временски период „некој да испраќа толку отровни стрели до премиерот, претседателот на Собранието, како сега од Србија и дека на тој начин се обидуваат да ги прогласат за предавници “.
- Одговарајќи на слично прашање, го цитирав Марко Миљанов, што беше оценето дека не е дипломатски. Миљанов рече „ако ве нападнат, не одговарајте, бидејќи ако имаат образ, ќе се срамат од тоа што го прават“, рече Кривокапиќ пред пратениците.
Тој додаде дека сака добрососедски односи со Србија. - Што се однесува до нас, тоа го сторивме. Соработувавме на ниво на министри и буквално нема министер што не ја посетил Србија, освен премиерот, рече Кривокапиќ, додавајќи дека Црна Гора, а не Белград, е татковината на Србите кои живеат во Црна Гора. Кривокапиќ рече дека големиот број туристи од Србија во Црна Гора е показател дека заострувањето на политичките односи нема да влијае на секојдневниот живот на граѓаните на двете земји. Демократскиот фронт (ДФ), најсилниот сојуз на владејачкото мнозинство, бара оставка од премиерот Кривокапиќ, а во претходните денови, лидерите на тој сојуз и Кривокапиќ разменија сериозни обвинувања. паг/      

Остани поврзан