• среда, 01 април 2026

Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец

Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец

Неготино, 31 март 2026 (МИА) - Поднесена била кривична пријава против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4.000 евра од неготинец.

- ОВР - Неготино, до Основното јавно обвинителство - Кавадарци, поднесе кривична пријава против А.С., 67-годишник од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19 февруари во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите. Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото, а било извршено и препознавање од оштетениот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. свд/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан