Кривична пријава против 40-годишен кавадарчанец, физички ги нападнал и допирал по телата неговите две ќерки
- Кривична пријава против 40-годишен кавадарчанец, пријавен дека физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) - Кривична пријава против 40-годишен кавадарчанец, пријавен дека физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување". Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата, стои во полицискиот билтен. аа/са/
Фото: МИА архива