• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава против штипјанец, при претрес кај него пронајдени ловна пушка, куршуми и пиротехнички средства 

Кривична пријава против штипјанец, при претрес кај него пронајдени ловна пушка, куршуми и пиротехнички средства 

Скопје, 8 август 2025 (МИА) - СВР Штип до ОЈО Штип денеска поднесе кривична пријава против А.Ф. (57) од овој град поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 13 февруари годинава од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на А.Ф., како и во деловен објект во Штип.

Притоа се пронајдени 149 парчиња пиротехника, 215 куршуми и една ловна пушка, по што А.Ф. бил лишен од слобода. сст/дма/

Фото МИА архива

Остани поврзан