• четврток, 15 август 2024

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување пари

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување пари
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари" по член 268 Кривичниот законик. Пријавениот, информираа денеска од МВР, набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување на продукти во продажен објект во Скопје. По преземени мерки и извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификувана. цр/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан