• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч

Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч


Загреб, 24 декември 2024 (МИА) – Загрепската полиција поднесе денеска кривична пријава против ракометарот на хрватскиот првак Загреб, Милош Кос (22), кого го сомничи за физички напад врз клупски колега.
Инцидентот се случи на 27 ноември по одигрување на натпреварот меѓу Загреб и Нант во Лигата на шампиони.
Со истрагата е утврдено дека Кос по натпреварот во соблекувалната на Загреб Арена го нокаутирал соиграчот Матеј Мандиќ (22), а поголем инцидент спречиле другите ракометари на Загреб.
На инцидентот претходел вербален конфликт, а според пишувањата на локалните медиуми, Кос физички го нападнал голманот Мандиќ, кој му приговорил дека не се трудел доволно на теренот во поразот од Нант. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан