• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава потив прилепчанец за фалсификување патна исправа

Кривична пријава потив прилепчанец за фалсификување патна исправа

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Регионален центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против П.П.(65) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што информираат од МВР,  пријавениот во периодот од 11.10.2020 до 02.04.2021 година, додека незаконски престојувал во Сојузна Република Германија, обезбедил фалсификувани штембили од Унгарија во неговата патна исправа за да докаже дека неговиот престој во Европската унија не надминувал 90 дена.

-Патната исправа со фалсификувани штембили ја користел во повеќе наврати, но на 20.11.2022 година при гранична контрола во Унгарија му била одземена и за тоа била водена судска постапка во Унгарија. После тоа, на 04.01.2023 пријавениот пријавил дека патната исправа му била изгубена, по што му бил издаден издаден нов пасош во Северна Македонија, по што ги користел двете патни исправи, посочуваат од МВР. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан