• четврток, 15 август 2024

Кривична пријава за фалсификување исправа

Кривична пријава за фалсификување исправа

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Кривична пријава за кумановец, кој за да не пропушти тура Скопје - Кушадаси, ја сменил годината од 2024 на 2025 на лиценцата за вршење меѓународен превоз, која му истекла на 24 јуни 2024. Измамата била откриена на 26 јуни од вработените на граничниот премин Деве Баир.

 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Единица за корупција, до Основното јавно обивнителство Куманово, поднесе кривична пријава против Ф.Н.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по член 378 од Кривичниот Законик.

- Пријавениот Ф.Н., сопственик и управител на друштво за трговија и туризам од Куманово, во текот на јуни 2024 направил лажна исправа - Извод од лиценца за вршење меѓународен превоз на патници за сопствени потреби во која внел невистинити податоци. Лиценцата за меѓународен превоз му истекла на 24.06.2024 и за да не ја пропушти предвидената тура на релација Скопје - Кушадаси на компјутер ја променил годината на важност на Изводот од лиценцата од 2024 во 2025 година и ја ставил во документацијата на автобусот, соопштуваат од МВР.

На 26.07.2024 на Граничен премин Деве Баир, возачот ја приложил лиценцата на увид и притоа полициските службеници констатирале дека е фалсификувана. ир/са

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан