• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава за угостителски објект во Тетово за непочитување на прописите во епидемија

Кривична пријава за угостителски објект во Тетово за непочитување на прописите во епидемија
Скопје, 14 август 2021 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и физичко лице за работа во затворениот дел на објектот и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, соопшти попладнево МВР. - СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и  М.А.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17/18.06.2021 полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека работи затворениот дел на објектот и во него биле затекнати 50 гости и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.фф/лв/

Остани поврзан