Кривична пријава за тројца Грци, се сомничат дека украле повеќе парфеми од продавница на ГП Богородица
- Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) заради сомневање за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, соопштија денеска од СВР Струмица. Тие се сомничат дека вчера, во периодот од 10:40 до 11:15 часот, од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица одзеле повеќе парфеми.
Струмица, 13 септември 2025 (МИА) - Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) заради сомневање за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, соопштија денеска од СВР Струмица. Тие се сомничат дека вчера, во периодот од 10:40 до 11:15 часот, од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица одзеле повеќе парфеми.
-По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија утврдија дека тројцата заминале од местото со возило „тојота“, кое го управувал В.Б., а другите двајца биле сопатници. Во 21.30 часот на Граничен премин „Богородица“ е запрено возилото и при контрола во него се пронајдени одземените предмети, се наведува во соопштението на СВР Струмица.
Лицата се уапсени и се задржани во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Гевгелија.рт/сст/
Фото: МИА архива