• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за малтретирање во вршење на службата

Кривична пријава за малтретирање во вршење на службата
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Х.Г. од ПС за ОН Струмица, осомничен дека е сторител на кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по чл.143 од КЗ. - Имено, Х.Г. врз Н.Б., кој во моментот бил лишен од слобода и задржан во ПС за ОН Струмица, неосновано употребил физичка сила. Против полицискиот службеник е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место, соопштија денеска од МВР. цр/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан