• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за криумчарење мигранти за две лица

Кривична пријава за криумчарење мигранти за две лица

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Во просториите на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија вчера бил извршен службен разговор со А.Н.(33) од Скопје и Д.Т.(31) од Гевгелија осомничени за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, соопштија денеска од МВР.

- Околу 11.10 часот на регионалниот пат 1102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кои се превезувале лица мигранти.
Во Гевгелија било пронајдено возилото „ауди“ и во него биле затекнати двете лица, по што била извршена контрола во дворното место на Д.Т., каде што било пронајдено возилото „мерцедес“ со пет лица мигранти од Кина во него, се појаснува во соопштението.

Во дворот на Д.Т., исто така, било пронајдено и патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски таблички од друго возило.

Мигрантите и возилата биле сместени во прифатно – транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил запознаен јавен обвинител.  По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан