• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за криумчарење мигранти

Кривична пријава за криумчарење мигранти

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Регионалниот центар за гранични работи Југ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од село Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти МВР, вчера околу 08:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица” Д.П. бил затекнат, на место во близина на граничен камен 61/3, додека во својство на водич, пренесувал илегални мигранти од Кина, од грчка на македонска страна.

Две женски лица од Кина се предадени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. дма/

Фото:МИА архива
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан