• петок, 27 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне енергетската инфраструктура на Украина

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне енергетската инфраструктура на Украина

Москва, 14 април 2025 (МИА) - Одлуката дали да се продолжи мораториумот на нападите на украинските и руските енергетски постројки ќе зависи од претседателот Владимир Путин и можните разговори со САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин, рече Песков, одговарајќи на прашање дали договорот, постигнат со американско посредништво, ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).

Песков тврдеше дека „украинската страна во суштина не го почитува мораториумот“.

-Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Веројатно да се разменат информации и размислувања со Американците. И тогаш врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука, заклучи портпаролот на Кремљ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан