• четврток, 26 март 2026

Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп

Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп

Москва, 10 јануари 2025 (МИА) – Кремљ денеска соопшти дека претседателот на Русија, Владимир Путин е отворен за разговори со Доналд Трамп без предуслови, откако новоизбраниот американски претседател изјави дека се организира средба помеѓу двајцата.

- Претседателот постојано ја истакна својата отвореност за контакти со меѓународните лидери, вклучително и американскиот претседател, вклучително и Доналд Трамп“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Кремљ ја поздравува „подготвеноста на Трамп да ги решава проблемите преку дијалог“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан