• четврток, 26 март 2026

Кремљ: Нема конкретен рок за самитот Путин – Трамп

Кремљ: Нема конкретен рок за самитот Путин – Трамп

Москва, 21 октомври 2025 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту рускиот ниту американскиот претседател не објавиле конкретен рок за одржување на средба.

- Ниту (Владимир) Путин ниту (Доналд) Трамп не објавија конкретен рок. И американската и руската страна изјавија дека ова може да потрае, посочи Песков, додавајќи оти подготовките за претседателската средба се сериозни.

Претходно, американски медиуми објавија дека е одложена средбата помеѓу шефовите на дипломатијата на САД и Русија, Марко Рубио и Сергеј Лавров. Со одложувањето на нивната средба се пролонгира и очекуваната средба на Трамп со Путин.

Рускиот заменик-министер Сергеј Рјабков наведе дека средбата Лавров – Рубио бара претходни подготовки.

- Не можеме да одложиме нешто што не е договорено. Не го потврдивме она што го пишуваа некои западни извори вчера. Немавме јасно дефинирано ни време ни локација за таква средба. Постои идеја за одржување на таква средба, истакна Рјабков. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан