• недела, 22 декември 2024

Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“

Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“

Москва, 1 април 2024 (МИА) - Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска го демантираше извештајот во кој се тврди дека руската разузнавачка служба стои зад „Хавана синдромот“ кој ги разболува американските дипломати и шпиони ширум светот.

Песков додаде дека никогаш не биле обезбедени докази за поддршка на тоа тврдење и дека тоа е неосновано, пренесуваат британските медиуми.

Извештајот за синдромот го објави новинарската група „Инсајдер медиа груп“, тврдејќи дека постои единица „29155“ на руската разузнавачка служба ГРУ чии членови се наградени за развој на „несмртоносно акустично оружје“.

„Хавана синдром“, чии симптоми вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со меморијата, првпат беше забележан кај американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан