• петок, 27 декември 2024

Кремљ вели дека „целосно“ се согласува со противењето на Трамп на Украина да истрела американски проектили

Кремљ вели дека „целосно“ се согласува со противењето на Трамп на Украина да истрела американски проектили

Москва, 13 декември 2024 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека противењето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на Украина да пука со оружје доставено од САД длабоко во Русија „целосно се усогласува“ со позицијата на Москва.

-Изјавата целосно се усогласува со нашата позиција, со нашиот став за причините за ескалација. Очигледно е дека Трамп точно разбира што ја ескалира ситуацијата, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан