• вторник, 14 мај 2024

Крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството во тетовско Слатино

Крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството во тетовско Слатино
Тетово, 14 јуни 2022 (МИА) -  Во пресрет на 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителството Општинска организација на Црвен крст Тетово вчера организираше крводарителска акција во Слатино, Општина Теарце. -На оваа крводарителска акција се собрани 56 единици крв. На сите крводарители им упатуваме искрени честитки за Светскиот ден на крводарителството и им благодариме на искажаната солидарност и хуманост, за секое дарување крв кое на многумина им спаси живот, порачаа од Општинската организација на Црвен крст Тетово. Оттаму упатија благодарноста до сите крводарители по повод Светскиот ден на крводарителството. До 31 мај на поширокото тетовско подрачје крв дарувале 1130 лица.ас/вј/

Остани поврзан