• четврток, 26 март 2026

Крводарителска акција во поликлиника Шуто Оризари

Крводарителска акција во поликлиника Шуто Оризари

Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 - 2030, Шабан Салиу и Црвениот крст, денеска организираа крводарителска акција во поликлиниката Шуто Оризари.

- Ја поздравувам денешната крводарителска акција и ги повикувам сите хумани луѓе, да дојдат и да даруваат крв и со тоа да ја покажат хуманоста на дело. Сакам да им се заблагодарам од срце на сите кои ќе одвојат време за да даруваат крв, преку што се покажуваат хуманоста и солидарноста кон општеството, рече Салиу. 

Од Црвен крст Чаир исто така ги повикаа сите хумани луѓе да даруваат крв и упатија благодарност до оние кои веќе го сторија тоа и даруваа и ја покажаа својата хуманост. 

На настанот беше присутен и заменик амбасадорот на Италија, 32-годишниот Морено Зеља, кој дошол во земјава пред две недели и ги поздрави ваквите хумани и солидарни активности. Притоа, ја истакна важноста од дарувањето крв, што спасува животи. бд/са/

Фото и видео: МИА

Остани поврзан