• петок, 05 декември 2025

Крводарителска акција во Куманово, собрани 22 крвни единици

Крводарителска акција во Куманово, собрани 22 крвни единици

Куманово, 30 септември 2025 (МИА) - Црвениот крст на Куманово во соработка со риболовното друштво „Мак-Дам“, денеска организираше крводарителска акција во просториите на општинската организација на Црвениот крст во која се собрани 22 крвни единици.

-Задоволни сме од акцијата, се одржа 10:00 до 15:00 часот во просториите на Црвен крст Куманово, каде членовите на здружението уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Благодарение на нивниот несебичен гест, беа собрани 22 единици крв кои ќе спасат многу животи, изјави Ива Младеновска, секретар на општинската организација.

Во првата половина од тековната година собрани се над 1.500 крвни единици што е зголемување во однос на истиот период од претходната година, соопштија денеска од кумановскиот Црвен крст.

Првата половина од годинава благ пораст на бројот на крводарувања се забележува меѓу граѓанските организации и приватни компании кои почнаа да организираат акции. Граѓаните се повеќе се свесни за хуманиот аспект од крводарувањето, што според Младеновска, се должи на континуираните апели на организацијата за вклучување во акциите, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите.

До крајот на годинава планирано е да се одржат уште дваесетина акции со граѓански здруженија, средни училишта, во јавни институции и установи и приватни компании. ам/вј/

Фото: Црвен крст Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан