• четврток, 26 март 2026

Краток интензивен дожд причина за делумно поплавување на улици низ Тетово

Краток интензивен дожд причина за делумно поплавување на улици низ Тетово

Тетово, 7 мај 2025 (МИА) - Појавата на интензивен дожд во текот на претладневните часови на дел од улиците низ Тетово резултираше со краткотрајно поплавени коловози, а водата навлезе и во дворови од куќи и други објекти.  

Екипите на Јавното претпријатие за водовод и канализација – „Шар“ интервенираа со чистење на затнати шахти со цел побрзо одлевање на насобраната вода.

-Главна причина останува несовесното фрлање отпадоци, што покрај блокирањето, претставува и ризик од поплави во населбите. Сите имаме улога во зачувувањето на чистотата и функционирањето на јавната инфраструктура, се вели во информацијата на ЈКП за водовод и канализација – „Шар“.

Од Територијалната против пожарна единица Тетово информираа дека не добиле повик за интервенција по силниот денешен дожд.ас/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан