Крамп-Каранбауер на 24 февруари ќе го предложи својот наследник
- Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каранбауер својот наследник ќе го предложи на 24 февруари, изјави премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер
Берлин, 14 февруари 2020 (МИА) - Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каранбауер својот наследник ќе го предложи на 24 февруари, изјави премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер.
Тој додаде дека тоа ќе биде специфичен предлог, но не наведе повеќе детали.
Крамп-Каранбауер на почетокот од неделата објави дека се повлекува од местото претседателка на ЦДУ откако нејзината партија изгуби во Турингија од десничарската Алтернатива за Германија (АфД). ми/