Кралот Чарлс му честита на Трамп
- Британскиот крал Чарлс испрати лична порака со честитки до претседателот Трамп за неговата инаугурација, истакнувајќи ги трајните посебни односи меѓу Обединетото Кралство и Соединетите држави, соопшти Бакингемската палата.
Лондон, 20 јануари 2025 (МИА) – Британскиот крал Чарлс испрати лична порака со честитки до претседателот Трамп за неговата инаугурација, истакнувајќи ги трајните посебни односи меѓу Обединетото Кралство и Соединетите држави, соопшти Бакингемската палата.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска положи заклетва како 47-ми претседател на САД. јт/