• петок, 22 ноември 2024

Кракен-варијантата на Ковид откриена кај пациент во Софија

Кракен-варијантата на Ковид откриена кај пациент во Софија

Софија, 20 февруари 2023 (МИА) - Случај на омикрон-варијанта на Ковид-19 - XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај човек во Софија.

СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот.

Пациентот е на домашно лекување, јави БТА. паг/

Остани поврзан