Кражба во обложувалница во Велес
- Во Велес синоќа била ограбена обложувалница, при што со закана на вработена и се одземени пари.

Велес, 14 декември 2020 (МИА) - Во Велес синоќа била ограбена обложувалница, при што со закана на вработена и се одземени пари.
- Синоќа во 23:50 часот во обложувалница во Велес со закана од вработената Г.Л. (20), едно лице и одзел пари, соопштуваат од СВР-Велес.
Портпаролот на СВР-Велес Верољуб Додевски информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ад/фф/