Кражба во две возила на екипата од Турција што снимала во Скопје
- Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на

Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето употребило и физичка сила кон лице од Република Турција кое се обидело да го спречи сторителот да избега.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. фф/са/