• четврток, 03 октомври 2024

Коњуфца: Српското сценарио за Бањска е идентично со руската окупација на Крим

Коњуфца: Српското сценарио за Бањска е идентично со руската окупација на Крим

 

Приштина, 2 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека сценариото на Србија за терористичкиот напад од пред една година во Бањска во северно Косово, каде што беше убиен припадник на косовската полиција, е идентично со руската инвазија на Крим во 2014 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото обраќање на конференцијата „Влијанието на руската агресија во Украина врз европската геополитика“, организирана од косовскиот Институт за хибридни воени студии „Октопод“, Коњуфца рече дека Европа „со тоа што не даде решителен одговор во 2014 година на руската окупација на Крим“, денес се соочува со проблем кој е поголем од судбината на Украина како суверена држава и достоинството на Украинците.

„Со тоа што не даде решителен одговор во 2014 година на руската окупација на Крим, туку третирајќи ја Русија како деспотски партнер со кој може да соработува економски, погрешно претпоставувајќи дека пан-руските цели на (рускиот претседател, Владимир) Путин се ограничени, Европа денес се соочува со војна која не е само за судбината на Украина како суверена држава и достоинството на Украинците како нација, туку претставува и одлучувачка битка за демократскиот поредок во Европа, изграден по падот на ‘железната завеса’ во 1989 година“, рече Коњуфца.

Тој нагласи дека „последиците од руската агресија врз Украина влијаат на европскиот континент во мирот  и безбедноста, во политиката и геополитиката, повеќе отколку во Втората светска војна“.

„Ниту Русија се откажа од ‘рускиот свет’, ниту Србија се откажа од ‘српскиот свет’“, изјави Коњуфца.

Според спикерот на косовското Собрание, српските паравоени трупи, поддржани од официјален Белград, отворено имале за цел да го анектираат северот на Косово.

„Обидот за дестабилизација на Босна и Херцеговина, отфрлањето на нормализацијата на односите со Косово и терористичкиот напад во Бањска ја покажуваат вистинската цел на Србија, која не е нормална цел, туку тоа е целта на Руската Федерација“, рече Коњуфца. иа/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан