• четврток, 21 ноември 2024

Израелскиот безбедносен кабинет се согласува дека одговорот кон Иран ќе биде силен

Израелскиот безбедносен кабинет се согласува дека одговорот кон Иран ќе биде силен

Тел Авив, 2 октомври 2024 (МИА) - На вечерашниот состанок на комитетот за безбедност на израелската влада е договорено Израел силно да одговори на вчерашниот ирански ракетен напад, јавуваат израелските медиуми.

Состанокот го свикал Нетанјаху, а на видеото објавено од неговиот кабинет се гледа дека присуствувале директорот на израелската безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, потоа директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, началникот на Генералштабот, Херци Халеви и министерот за одбрана Јоав Галант.

Одговорот на Израел на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика „значителна финансиска штета“, објави „Тајмс оф Израел“. зш/

Остани поврзан