• петок, 05 декември 2025

Коњановски: Славиме празник, должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија

Коњановски: Славиме празник, должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија

Битола, 23 октомври 2025 (МИА) - Празникот 23 Октомври е должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија, истакна градоначалникот на Битола Тони Коњановски, честитајќи го Денoт на македонската револуционерна борба.

Според востановената традиција, за Денoт на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, делегации на општината и претставници на јавниот живот во градот, положија цвеќе пред споменикот на Даме Груев во дворот на НУ Завод и Музеј-Битола.

-Пред 132 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денес им оддаваме почит, пред споменикот на еден од основоположниците на организацијата, на Даме Груев, со што се потсетуваме на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава. Овој празник е должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија, истакна градоначалникот Коњановски.

Цвеќе пред спомениот на Даме Груев во Битола, положија и претставници на општинската организација на Сојуз на борците. мт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан