• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кошта во Тирана излезе со нов моментум за проширувањето на Европската унија - доследност и доверба

Кошта во Тирана излезе со нов моментум за проширувањето на Европската унија - доследност и доверба

Тирана, 16 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, доцна синоќа, пред неформалната вечера што ја приреди за учесниците на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана од Западен Балкан, на платформата Х објави дека има нов моментум во проширувањето на Европската унија.

„Понатамошните напори за напредок кон пристапување мора да бидат водени од фундаментални принципи: доследност и доверба“.

„Доследност - од страна на ЕУ во одржувањето на проширувањето на врвот на својата политичка агенда. И доследност од страна на партнерите во усогласувањето со нашите вредности и спроведувањето реформи. Доверба - ова може да се изгради само преку отворен дијалог. Внатрешно, меѓу партнерите во регионот и со институциите на ЕУ и земјите-членки“, напиша Кошта.вт/сд/


Фото: Кошта Х

 

Остани поврзан