• четврток, 27 јуни 2024

Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија ја совлада Швајцарија

Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија ја совлада Швајцарија
Скопје, 16 август 2021 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија ја совлада Швајцарија во втората меѓусебна пресметка. До победата од 61-67, македонските репрезентативци стигнаа со темпо со кое што постојано беа во водство и предноста ја одржаа до самиот крај. Најдобри кај стрелците на страната на црвено-жолтите беа Адем Мекиќ со 16 поени, Бојан Трајковски со 15 поени и Џејкоб Вајли со девет поени. Кај Швајцарија, Казади имаше 15 поени, Нзеге 14 и Рочак 13 поени. Утре вечер, во исто време, од 19 часот, ќе играат селекциите на Словачка и Швајцарија, додека на 18 август, Северна Македонија го затвора турнирот против Словачка. ар/вј/

Остани поврзан