Кочани – до 17 часот излезеност од 34, 04 отсто
- На вториот круг од Локалните избори во Кочани денеска до 17 часот избирачкото право го искористиле 11.036 граѓани или 34.04 отсто, што е нешто помала излезеност во однос на првиот круг на гласање, кога до истиот рок излезеноста изнесувала 35, 71 отсто.
Кочани, 2 ноември 2025 (МИА) - На вториот круг од Локалните избори во Кочани денеска до 17 часот избирачкото право го искористиле 11.036 граѓани или 34.04 отсто, што е нешто помала излезеност во однос на првиот круг на гласање, кога до истиот рок излезеноста изнесувала 35, 71 отсто.
Гласањето се уште се одвива, а правото на глас кочанчани можат да го искористат до 19 часот на 63 избирачки места.
Во избирачкиот список во Општина Кочани запишани се вкупно 32 503 избирачи.ис/са/
фото: МИА