Кос: Во наредните месеци ќе има многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ
- Европската комесарка за проширување Марта Кос најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширување на Европска Унија
Брисел, 10 јануари 2025 (МИА) – Европската комесарка за проширување Марта Кос најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширување на Европска Унија.
- Многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ ќе бидат на нашата агенда во наредните месеци, а полското претседателство со Советот на ЕУ има големи амбиции. Ајде да работиме заедно за да изградиме посилна и пообединета Унија за да ги зачуваме мирот, слободата и безбедноста на нашиот континент, напиша Кос на платформата Икс.
Таа додаде дека ќе разговара со полскиот министер за ЕУ Адам Шлапко и министерот за надворешни работи Радослав Сикорски како брзо и ефикасно да се унапреди процесот. ми/
фото: МИАархива