• петок, 05 декември 2025

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Скопје, 26 септември 2025

Потпишан договор за нова ултра модерна поликлиника во општина Бутел! Денес во просториите на Министерството за здравство заедно со министерот Азир Алиу го потпишавме договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова поликлиника во општина Бутел, се вели во Фејсбук објавата на градоначалникот Дарко Костовски коешто МИА го објавува интегрално.

Ви ветив и ќе остварам!

Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека Министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот.

Историски миг за граѓаните на општина Бутел.

Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект.

Процесот започна со внимателно проектирање и дизајнирање на новата пликлиника. Здравствените центри мора да исполнуваат строги регулаторни и безбедносни стандарди.

Добиваме нова поликлиника која ќе овозможи подобро услови за давање на здравствена заштита.

На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.

Деталниот урбанистички план кој го донесовме, маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата амбуланта.

Со изградба започнуваме наскоро и со цело срце го чекам денот кога ќе удриме камен темелник на новата поликлиника.

Историски чекори за нашата Општина!

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1BDqzqy5Ze/?mibextid=wwXIfr

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук на Дарко Костовски

Остани поврзан