Костовски: Изградба на плоштад и културен дом, Радишани добива нов парк, уште еден парк во соработка со Градот Скопје на „Христијан Тодоровски Карпош“
- Дарко Костовски, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник за општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ги наброја носечките ветени и реализирани проекти за време на неговиот четиригодишен мандат, подвлекувајќи дека се реализирани некаде околу 70-тина проекти коишто не биле најавени пред изборите меѓу кои и изградбата на новиот затворен базен во Радишани.
Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Дарко Костовски, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник за општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ги наброја носечките ветени и реализирани проекти за време на неговиот четиригодишен мандат, подвлекувајќи дека се реализирани некаде околу 70-тина проекти коишто не биле најавени пред изборите меѓу кои и изградбата на новиот затворен базен во Радишани.
-Најавив две нови градинки - изградени се две нови градинки, најавив ново училиште во Визбегово - од темел до кров е изградено, најавив огромен парк во населбата Радишани, во моментов е во целосно завршна фаза, од 10.000м2 парк со плоштад. Завршивме еден проект којшто со децении наназад беше ветуван, а тоа е коритото на реката Серава во должина од 1500м во Радишани, а изградивме и трим патека, целосно ја уредивме со урбана опрема и создадовме нови 5000м2 зеленило, изјави Костовски вечерва во гостувањето во Тема на денот на телевизија Сител.
Тој потсети дека за време на неговиот мандат изградиле и плоштад во Бутел 1.
-Во спортот направивме револуција, изградивме пет спортско - рекреативни центри, изградивме 13 спортски игралишта, 10 игралишта за деца. Во моментот се гради нов затворен базен во населеното место Радишани, ова не беше најавен проект. Околу 70-тина проекти коишто не ги најавивме пред изборите ги реализиравме, рече Костовски.
Тој се осврна и на големите капитални проекти содржани во неговата програма, кои ќе им ги испорача на жителите на општина Бутел во следниот мандатен период од четири години, како изградбата на плоштад и културен дом, изградба на три нови детски градинки, две нови училишта, како и два нови паркови кои ќе ги добие општина Бутел во населеното место Радишани и на „Христијан Тодоровски Карпош“.
-Со плоштадот оди и културен дом, место коешто му фали на општина Бутел, кое што ќе биде собирно место на територија на општина Бутел. Ќе изградиме три нови детски градинки, една во Радишани, една во Визбегово и една во Бутел 1. Сигурен сум дека ќе изградиме две нови училишта едно во Љубанци, едно во Љуботен. Еден нов парк во населеното место Радишани, околу 10.000м2 и во соработка со Градот Скопје ќе изградиме уште еден парк на „Христијан Тодоровски Карпош“, истакна Костовски.
Тој подвлече дека е сигурен во победата уште во првиот круг, бидејќи, вели, ја чувствува поддршката од граѓаните и чувствува дека сето она што е изградено го поздравуваат. Ќе продолжи да работи посветено како и досега во насока на реализација на ветените проекти, порача Костовски. вг/хс/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ