• петок, 05 декември 2025

Костовски во увид на рекоснтрукција на улица во Радишани

Костовски во увид на рекоснтрукција на улица во Радишани

Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Боро Кралевски“, во должина од 568 метри.

-По 40 години, општина Бутел ја реконстуираше улицата и го исполни децениското барање на граѓаните. Покрај тоа, локалната самоуправа целосно ги реконструираше улиците „Симче Настевски“, „Киро Димушков“ и „Скоевска“, информираат од Општината.

Реализацијата на овие проекти во Радишани, како што посочуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.вј/

Фото: Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан