• недела, 19 мај 2024

Костадиноски: Ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања

Костадиноски: Ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања
Скопје, 6 јануари 2022 Почитувани, Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден. Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце,  поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум. Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот. Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор. Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше. Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот. Управителот на фирмата револтиран ми пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал. Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце. Почитувани, Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене. Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури. За многу години да ни е Бадник и денешниов ден ! Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан