• понеделник, 23 декември 2024

Костадиноски: Отворање на нова индустриска зона и нови работни места во Јегуновце

Костадиноски: Отворање на нова индустриска зона и нови работни места во Јегуновце
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) - Модерна образовна инфраструктура и современи услови за учење, обезбедување на чиста и здрава вода за пиење во секое населено место, изградба, реконструкција и рехабилитација на локалните патишта и улици, но и одржување на сите зелени површини се дел од проектите на кандидатот за градоначалник на општина Јегуновце од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Костадиноски. Тој денеска во своето обраќање посочи дека ќе работи на отворање на индустриска зона во населеното место Подбреѓе, на изградба и доградба на фекални канализации, но и пуштање во употреба на постоечките фекални канализации каде, како што рече, приклучокот ќе изнесува нула денари.

Костадиноски најави и дека ќе обезбеди бесплатни канти за секое домаќинство, бесплатна фудбалска школа за деца, модерен и атрактивен локален туризам, функционален систем за социјална заштита, а ќе постави и детски реквизити во парковите по сите населени места во Јегуновце.

-Јегуновце е нашиот дом, а во домот свој треба да ти е најубаво. Време е Јегуновце да стане функционална, модерна, еколошки чиста општина, во која сите граѓани ќе се среќни, порача Костадиноски.бт/мд/

Остани поврзан