• петок, 22 ноември 2024

Костадинов: Новото лидерство на СДСМ има капацитет да го понуди најдоброто за партијата и за државата

Костадинов: Новото лидерство на СДСМ има капацитет да го понуди најдоброто за партијата и за државата
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Костадин Костадинов, член на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор во седиштето на СДСМ изјави дека не би било принципиелно, како што рече, да ги шпекулира имињата предложени за членови на влада пред тие да бидат соопштени во телата и органите на партијата. За својот став рече ќе го каже „јасно и гласно и на Извршниот и на Централниот одбор“, а со сигурност останува на ставот дека не е заинтересиран за владина функција. Прашан од новинарите дали имињата кои се споменуваат се прифатливи за голем дел од членството, Костадинов нагласи дека нема да коментира ништо пред да ги слушне официјално на ИО и на ЦО. - Јас сум сигурен дека има капацитетност новото лидерство на партијата пред ИО и ЦО да го понуди најдоброто за партијата и за државата во моментов, изјави тој. Одговарајќи на новинарско прашање какви луѓе и се потребни на оваа влада, Костадинов потенцира дека тоа се  луѓе кои ќе бидат посветени исто како што беа посветени и кадрите досега. На прашањето дали има консензус во партијата, посочи дека затоа се и на Извршниот и на Централниот  одбор, за да го постигнат консензусот, нагласи, и да  ги изнајдат најдобрите решенија за државата. цр/хс/    

Остани поврзан