• четврток, 16 мај 2024

Костадинов изврши увид во градежните работи на Домот на културата во Куклиш

Костадинов изврши увид во градежните работи на Домот на културата во Куклиш

Струмица, 5 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска изврши увид во градежните работи од втората фаза од изградбата на Домот на културата во селото Куклиш. При посетата тој изјави дека за да има активни села, мора да се обезбедат услови за функционирање во сите области.

Според него, едно од најголемите барања на жителите од ова населено место било токму обновата на опожарениот дом на културата, кој беше зафатен од голем пожар во 2013 година.

-Дадов збор за нов Дом и денес тој е во втора фаза на реализација, откако првата фаза заврши со карабина во вредност од 9 милиони денари. Се работи на поставување на покривот, на електричната и водоводната инсталација и преградување на ѕидовите. Куклиш добива современ и достоинствен Дом за сите генерации, кој ако не послужат временските услови треба да биде завршен за околу пет месеци, рече Костадинов.

Тој најави дека оваа година ќе се урне постоечкиот стар и руиниран Дом на културата во селото Банско и на барање на жителите, особено на турската заедница, на негово место ќе се изгради убав и голем парк. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан