• петок, 26 април 2024

Костадиновска-Стојчевска: Францускиот јазик е отворен прозорец кон различен поглед на светот

Костадиновска-Стојчевска: Францускиот јазик е отворен прозорец кон различен поглед на светот

Како што соопштуваат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека додека го славиме Месецот на франкофонијатаво нашата земја, ја препознаваме важноста од промовирање на францускиот јазик и култура.

-Францускиот јазик го зборуваат над 300 милиони луѓе ширум светот, што го прави важна алатка за комуникација и културна размена. Во Северна Македонија, ’Француската алијанса’ континуирано е составен дел од оваа иницијатива, која неуморно работи на обезбедување можности на заедницата да учи и да се вклучи активно во француската култура, додаде таа.

Министерката посочи дека овој нов простор ќе им овозможи на тетовчани да ги прошират своите активности и да обезбеди уште повеќе можности за да ја научат и доживеат вистински француската култура.

На промовирањето на „Француската алијанса“  - Тетово присуствуваше и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, при што истакна дека таа има клучна мисија и визија на промовирање на францускиот јазик и култура со верба дека овој нов простор ќе овозможи дополнително да се зајакнат врските помеѓу двете земји.фф/лв/

Фото: Министерство за култура

Остани поврзан