• недела, 22 декември 2024

Косово отвора фонд за донации од граѓаните за зајакнување на безбедносните сили

Косово отвора фонд за донации од граѓаните за зајакнување на безбедносните сили
Приштина, 2 март 2022 (МИА) - Косово ги повика граѓаните од земјата и странство да донираат средства за зајакнување на безбедносните сили, откако премиерот Албин Курти ги повика ЕУ и НАТО да се ангажираат повеќе на Балканот по руската инвазија на Укрина. Фондот, како што информираше Курти, е отворен по „консултации со меѓународните партнери“ без да изнесе повеќе детали, додека според информациите во медиумите блиски до владата фондот е отворен како одговор на ситуацијата во Украина. „Балканот не е имун на ефектите од ситуацијата во Украина“, рече косовскиот премиер Курти за време на интервјуто за „Скај њуз“ во Лондон во средата, истакнувајќи дека Русија во последниве години ја снабдува Србија со борбени авиони и тешка артилерија, како и дека „ЕУ и НАТО треба повеќе да се ангажираат со Западен Балкан“. НАТО има 3.770 трупи на територија на Косово, додека Косовските безбедносни сили, кои се лесно вооружени, бројат пет илјади регуларни припадници и три илјади резервисти. аа/

Остани поврзан