Косово: Ниту една партија нема доволно пратеници за формирање влада, потребни се коалиции

Приштина, 7 март 2025 (МИА) - Процесот на пребројување на гласовите за парламентарните избори во Косово на 9 февруари заврши во средата, а Движењето Самоопределување (ПС) на премиерот Албин Курти доби најмногу - 42,28 отсто од гласовите, обезбедувајќи 48 места, но не доволно за формирање нова влада на Косово само со помош на несрпските малцински заедници, јави Бета.
Курти продолжува да нагласува дека неговата партија ќе ја формира новата влада.
Демократската партија на Косово (ДПК) е на второ место со 20,96 отсто од гласовите или 24 пратенички места. Демократската лига на Косово (ЛДК) освои 18,43 отсто од гласовите и обезбеди 20 пратенички места, додека Алијансата за иднината на Косово и коалицијата Иницијатива освоија 7,08 отсто од гласовите и обезбедија 8 пратенички места.
Српска листа освои девет од десет мандати на српската заедница, еден мандат доби партијата на актуелниот министер за заедници и враќање Ненад Рашиќ.
Несрпските малцинства имаат десет пратенички места, по едно за секое малцинство, додека само Демократската партија на Турците освои две места.
Иако пребројувањето беше завршено вчера, според законот за општи избори, Централната изборна комисија е обврзана да почека најмалку 48 часа пред да ги објави конечните резултати од изборите за Собранието на Косово, бидејќи законот предвидува можност за поднесување приговори до Комисијата за изборни приговори и жалби во рок од 48 часа во врска со администрирањето на пребројувањето и резултатите што се спроведува во Центарот за пребројување.
Ехат Мифтарај, политички аналитичар, вели дека „и покрај тоа што ПС не доби доволно гласови за формирање влада, со оглед на спецификите на уставниот систем на Косово, остануваат неколку сценарија на кои влијаат и внатрешните и надворешните фактори“.
Според него, првото сценарио е коалиција меѓу ПС и партиите од немнозинската заедница, вклучително и српски политички партии.
„За ова сценарио да се реализира во пракса, потребен е помирлив пристап од ПС и умерен јазик за да се остави простор за соработка, што досега не се случи. Напротив, лидерот на ПС со говор на омраза и навредлив јазик ги нарече лидерите на опозицијата „ајвани“, што може да има две значења: будали или стока“, вели Мифтарај.
Според него, се создава впечаток дека ПОС, барем во јавноста, се воздржува од своето право да ја формира следната влада преку своите постапки, создавајќи атмосфера и клима на поделеност и поларизација против сите.
Но, аналитичари гледаат други можни сценарија, како што е формирање малцинска влада од опозициските политички партии, барем со немнозинските заедници. Ова сценарио, вели Мифтарај, е можно доколку постои политичка волја кај трите опозициски политички партии. зш/
фото ЕПА