• петок, 22 ноември 2024

Копмајнерс пресреќен што потпиша за Јувентус: Почнав нова авантура

Копмајнерс пресреќен што потпиша за Јувентус: Почнав нова авантура

Торино, 10 септември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Јувентус, Тон Копмајнерс е само на почетокот од епизодата во најтрофејниот италијански клуб, но веќе е убеден дека постапил правилно кога летово се согласи на трансферот од Аталанта.

Холанѓанецот пред десет дена за првпат настапи во „црно-белиот“ дрес од Торино, кога „старата дама“ одигра без голови против Рома, а верува дека ќе игра фудбал во клубот кој го плати 60.000.000 евра.

-Среќен сум што започнав нова авантура. Отсекогаш мислев дека ќе биде одлично да играм за Јувентус, а кога се укажа шансата, не размислував за ништо друго, изјави Копмајнерс, објави официјалниот сајт на клубот.

Копмајнерс има 26 години и има значителна „километража“ во Серија „А“, со тимот од Бергамо.

-Во Италија играв на различни позиции, но мојата омилена улога секако е играч од средниот ред. Моментално мојата улога е да играм зад напаѓачот, добро се чувствувам на таа позиција, додаде поранешниот член на АЗ Алкмар. дс

Фото: Х/Јувентус

Остани поврзан