• петок, 22 ноември 2024

Координација во Собранието за следните активности на пратениците

Координација во Собранието за следните активности на пратениците
Скопје, 30 август 2022 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за деновите до петок и периодот што доаѓа. Со ова и официјално завршува летниот одмор за парламентарците. На веб страната на Собранието закажани се само две активности на претседателот на Собранието Џафери и тоа за утре (31 август) со претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг Михаел Рот и во четврток (1 септември) проштална средна со амбaсадорот на ОБСЕ Клемент Која. Меѓу првите активности во Собранието се очекува да биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд. Според најавите од пред одморот може да се очекува да бидат закажани и продолженија на веќе започнати седници. Првата нова седница е најавена за 13 септември. Пратениците на одмор заминаа официјално по илинденските празници. ев/лв/ МИА ФОТО: Архива 

Остани поврзан