Концерт на Џибони оваа сабота во СЦ „Јане Сандански“
- На 17 февруари, сабота, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје концерт ќе одржи хрватскиот кантавтор Златан Стипшиќ-Џибони, а официјално гостин ќе биде Влатко Стефановски.

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - На 17 февруари, сабота, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје концерт ќе одржи хрватскиот кантавтор Златан Стипшиќ-Џибони, а официјално гостин ќе биде Влатко Стефановски.
-Концертот слободно може да се нарече ексклузивен, па дури и интимен бидејќи Џибо доаѓа во сала како „Јане Сандански“ после двe распродадени арени во Загреб и две распродадени „Штарк" арени во Белград, каде го видоа скоро 80.000 посетители. Со задоволсто ви најавуваме дека нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски официјално ќе биде гостин на концертот на Џибони, а со тоа, се разбира и негов домаќин, како наш еминентен уметник, соопштија организаторите од „Авалон Продукција“.
Влезниците за концертот се во продажба онлајн на „ticketx.mk“ и во продажната мрежа на „ticketx“ низ државата.бт/аа/
.Фото: „Авалон Продукција“