• недела, 22 декември 2024

Концерт на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова во КИЦ во Софија

Концерт на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова во КИЦ во Софија
Софија, 27 септември 2021 (МИА) - Во присуство на претставници од културната и творечката сфера во Бугарија, во Културно -информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, се одржа концерт за обоа и флејта на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Елена Дојчинова е прва флејта во Националната филхармонија на Северна Македонија и е меѓу најдобрите флејтисти во земјата. Нејзиниот колега Владимир Лазаревски е првата обоа во Македонската филхармонија. Лазаревски има магистрирано на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, кај професор Георги Желјазов. Тој бил и соработник на Бостонскиот симфониски оркестар. Двајцата се претставија со богата програма, со класични дела во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, која ги воодушеви љубителите на класичната музика. нк/ки/

Остани поврзан