• понеделник, 18 ноември 2024

Концерт во Атина во спомен на загинатите од железничката несреќа кај Темпи

Концерт во Атина во спомен на загинатите од железничката несреќа кај Темпи

Атина, 12 октомври 2024 (МИА) – Илјадници Грци синоќа присуствуваа на големиот концерт на античкиот олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина во спомен на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.

Концертот беше организиран од Здружението на роднините на жртвите во несреќата и учествуваа познати грчки пејачи.

Средствата од концертот се наменети за поддршка на здружението во судските битки што ги води за одговорните за несреќата да бидат казнети, а билетите по цена од 15 евра беа експресно распродадени.

Процентите се дека на преполниот стадион присуствуваа околу 40.000 лица, а за оние кои не обезбедија билет или не се во Атина, концертот се пренесуваше во живо на Јутјуб и го следеа над 42.000 гледачи.

Железничката несреќа се случи на 28 февруари при директен судир на патнички и товарен воз во близина на Темпи, а животот го загубија 57 лица, од кои мнозинството беа млади и студенти. ср/

Остани поврзан