• петок, 28 јуни 2024

Концерт со филмска музика на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“

Концерт со филмска музика на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ под диригентска палка на Ерхан Шукри вечер со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт со филмска музика во Музејот на македонската борба. На програмата, како што е најавено, ќе се најдат филмски музички теми од познатите композитори М. Џиакино, Х. Манчини, Х. Цимер, М. Хамлиш, В. Стефановски, Ф. Атакоглу, Е. Дога ... Влезтот е слободен, а посетителите ќе може да уживаат во музиката од филмовите „Star Track“ (Ѕвездени патеки), „Инспекторот Клузо“, „Пацифик“, „Величенствениот“, „Џипси сонг“, „Skyfall“... аа/мд/

Остани поврзан